ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

По победата на Трамп во Ајова, републиканските кандидати за трка за Белата куќа ќе се „пресметаат“ во Њу Хемпшир

January 16, 2024 16:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Републиканските кандидати кои се обидуваат да го спречат Доналд Трамп да ја добие партиската номинација за трка за Белата куќа одат денеска кон Њу Хемпшир, откако поранешниот претседател постигна рекордна победа во Ајова.

Трамп освои повеќе од половина од гласовите на внатрепартиските избори во Ајова вчера, што му даде силен ветар за изборната трка со демократскиот претседател Џо Бајден, која според сите проценки ќе биде тесна и жестока. Двајцата ривали поддржуваат драматично различни политики за низа клучни прашања, од односите со сојузниците во НАТО до економската и даночната политика, правата за абортус и имиграцијата.

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис (45) во Ајова беше на второто место, на трето место – поранешната американска амбасадорка во ОН Ники Хејли (51). 77-годишниот Трамп освоил 51 отсто од гласовите во Ајова, ДеСантис 21 отсто, а Хејли 19 отсто, по преброени 99 отсто од гласовите, според Едисон Рисрч.

Хејли, која претходно изјави дека гласачите во Њу Хемпшир можат да го „поправат“ резултатот од Ајова, е на второто место во анкетите во таа држава, зад Трамп, а ДеСантис е далеку зад нив.

Прелиминарните избори во Њу Хемпшир се „полуотворени“, што значи дека гласачите кои не се регистрирани во ниту една партија можат да учествуваат, што може да биде од корист за кандидатите кои се сметаат за центристи. Сакајќи да профитира од тоа, Хејли води силна кампања во Њу Хемпшир, додека ДеСантис се обложи на Ајова.

Хејли денеска ќе одржи митинг во северниот дел на Њу Хемпшир со гувернерот Крис Сунуну, кој ја поддржа. ДеСантис треба да одржи митинг во градското собрание, а Трамп ќе им се обрати на поддржувачите во кантри клуб во југоисточниот дел на државата.

Трамп има огромно водство во националните истражувања на јавното мислење и се чини засега дека неговата номинација за републикански претседателски кандидат не е доведена во прашање.

Бизнисменот Вивек Рамасвами се повлече од трката откако вчера во Ајова доби само 8 отсто од гласовите и го поддржа Трамп.

Tags: САДТрамп
Next Post

Иран ги бомбардира Ирак и Сирија, војната во регионот ескалира

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk