ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Џафери – Хасани: По завршувањето на скрининг процесот, Северна Македонија и Албанија подготвени да ја забрзаат евроинтеграцијата

January 17, 2024 18:42
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Фото: Собрание на РСМ

Фото: Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со  министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани во рамки на неговата официјална посетата на земјава.

Како што информира собраниската прес-служба, Џафери истакна дека Република Северна Македонија и Република Албанија споделуваат заеднички цели и интереси на надворешно-политички план во врска со членството во Европската унија, соработката во рамките на НАТО и продлабочувањето на регионалната соработка. Интензитетот на реализирани билатерални посети на сите нивоа, според Џафери, е еден од најдобрите показатели за одличните односи меѓу двете држави.

-Претседателот на Собранието нагласи дека двете земји меѓусебно се поддржуваат на сите полиња, а по завршувањето на скрининг процесот се подготвени да ја забрзаат својата европска интеграција. Тој го подвлече исклучителното значење на меѓусебното поврзување и нагласи дека изградбата на Коридорот 8 останува приоритет во соработката. Џафери се осврна на претседавањето на Република Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во 2023 година и на тековното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што претставува можност за дополнителни средби и натамошно унапредување на соработката, како меѓу двете земји, така и меѓу двете собранија, се наведува во соопштението.

Министерот Хасани нагласи дека одличните билатерални односи меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија се карактеризираат со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес. Осврнувајќи се на евроинтеграциите, Хасани истакна дека двете земји покажаа посебна посветеност и остварија впечатливи резултати во скрининг процесот, со меѓусебно поддржување и потпомагање. Тој оцени дека со успешното претседавање со ОБСЕ и со другите регионални иницијативи Северна Македонија се докажа како сериозен меѓународен партнер. Истовремено, изрази надеж дека претстојните изброри во земјата нема да донесат промена во посветеноста кон европската иднина.

-Хасани упати честитки до Џафери кој е предложен за прв премиер Албанец во историјата на Северна Македонија и оцени дека ова претставува потврда на напредокот што го има остварено земјата, како и на конструктивната улога на Албанците во Северна Македонија во политичките процеси и стабилноста на земјата и регионот, информира собраниската прес-служба.

Џафери и Хасани оценија дека се потребни дополнителни напори за продлабочување на економската соработка, која заостанува зад реалните можности на двете држави. Изразија уверување дека долгогодишното партнерство меѓу Северна Македонија и Албанија, како и позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката во повеќе сфери од заемен интерес и натаму ќе се унапредува.

Tags: Албанијаевроинтеграции
Next Post
Фото: Wikimedia Commons

САД: Камион на заледен автопат усмрти пет лица кои оделе пеш откако доживеале судар

Shortcut

Најново

College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk