Полициски службеници денеска уапсиле три лица од Штип откако при претрес во домот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја.
-Денеска во 00:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34), С.И.(29) и 22 – годишната В.Д., сите од Штип. При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати С.И. и В.Д., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат, И.В. бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.
Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.