Не е реално да се верува дека може повторно да се преговара околу овој договор, а уште поголема илузија е да се верува дека она што било договорено минатата година со францускиот предлог, може да се репреговара за да се дојде до некаков подобар договор. Се` додека македонското собрание не успее да ги донесе уставните измени, тоа значи дека не сме подготвени да се движиме напред на европскиот пат. Тоа е нашата реалност. Ако Македонија не успее да се обедини околу оваа стартешка цел, никој не знае што ќе се случи понатаму имајќи ја во вид непредвидливоста на војната во Украина. Исто така, не се знае во која насока ќе тргне развојот на војанта на Блискиот Исток и што понатаму ќе се случува во тој невралгичен регион, вели во интервјуто за Цивил медиа професор д-р Трајан Гоцевски, член на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, а по повод 20 години по Самитот ЕУ – Западен Балкан.
Затоа е потребно аспирациите кон ЕУ да продолжат, македонското општество целосно да се посвети на оваа цел, да ги донесе уставните измени на соответен начин. На начин кој со ништо несмее да им наштети на нашите државни и национални интереси, додава Гоцевски.
Преземено: Цивил Медиа