Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во своја објава на Фејсбук напиша дека за време на седницата, советникот од ВМРО-ДПМНЕ и меѓународен секретар на партијата, Стефан Андоновски беше фотографиран како на „Вацап“ се договора со тимот на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање и зезнување на вработените во ЈСП. Андоновски во групата може да се види дека комуницира и со експратеникот од опозициската партија, Илија Димовски.
„За момент се вративме назад во времето-2015 година како за добро потсетување на сите оние што заборавија како беше. Советникот во Град Скопје и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски се договора со ПР тимот во штабот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои член е и екс-пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, ИЛИЈА ДИМОВСКИ како да ги зезнат вработените во ЈСП кои немаат земено плата. БРУКА! БЕДА! СРАМ!“, напиша во објавата Митовски.