ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Машиновозачите во Германија го започнаа најдолгиот штрајк досега

January 24, 2024 10:15
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На повик на Германскиот синдикат на машиновозачи (ГДЛ) синоќа започна нов повеќедневен штрајк на вработените во државната компанија Дојче Бан (ДБ).

Штрајкот започна синоќа во 18 часот (17 часот по Гринич) во товарниот превоз, а рано изутринава, во 02 часот се прошири и на превозот на патници.

Протестите треба да продолжат до 18 часот следниот понеделник, 29 јануари. Во текот на следните неколку дена, патниците во Германија ќе се соочат со значителни ограничувања при долги и регионални железнички транспорти.

Како и со претходните штрајкови, Дојче бан подготви распоред со значително намалени услуги. Патниците можат да дознаат кои возови ќе сообраќаат преку веб-страницата на германскиот железнички оператор или неговата мобилна апликација.

Досега најдолгиот штрајк во Дојче Бан траеше пет дена и се одржа во 2015 година.

Новите протести може да доведат до огромни загуби, имајќи предвид дека и другите транспортни патишта се нарушени поради ситуацијата во Црвеното Море, изјави Мајкл Гремлинг од економскиот институт IW во Келн.

Двете страни се во спор околу колективниот договор од почетокот на ноември.

Лидерот на синдикатот Клаус Везелски го бранi планираниот штрајк, велејќи дека тој е и законски и пропорционален со оглед на незадоволителните предлози на железничката компанија, додава ДПА.

Во петокот, Дојче Бан претстави нова понуда за плата за да го врати ГДЛ на преговарачка маса. Понудата вклучува можност за еден час пократко работно време за машиновозачите од 1 јануари 2026 година. Понудата вклучуваше и зголемување на платите за вработените за 4,8 отсто од август и дополнителни 5 отсто од април 2025 година.

Дојче Бан, исто така, им нуди на машиновозачите и на придружниот персонал можност да го намалат работното време од 38 на 37 часа неделно од 1 јануари 2026 година со иста плата. Оние кои ќе се откажат од кратењата ќе добијат зголемување на платите за 2,7 отсто, се вели во понудата.

Но, тоа не беше доволно за нови преговори.

-Со третата и наводно подобрена понуда, Дојче Бан уште еднаш покажа дека продолжува да го следи претходниот курс на одбивање и конфронтација – нема знаци на подготвеност да се постигне договор, се вели во соопштението на ГДЛ.

Дојче бан ја бранеше својата понуда до ГДЛ.

-ДБ се фокусира на компромиси, ГДЛ прекумерно го ескалира конфликтот, рече портпаролот на ДБ.

Денешниот е четврти штрајк во актуелниот спор за платите. Пред крајот на минатата година, ГДЛ парализираше големи делови од превозот на патници во два штрајка, по што следеше тридневен штрајк со сличен ефект во јануари.

Tags: Германијамашиновозачиштрајк
Next Post

Молдавскиот министер за надворешни работи поднесе оставка

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk