Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Белгија за Македонија, Фредерик Мурис на која во фокусот беа претседавањето на Белгија со Советот на ЕУ и следните чекори за реализација на македонската европска агенда.
Како што информира Кабинетот на Маричиќ, било разговарано за заложбата на белгиското претседателство за Северна Македонија која е во правец на придонесување за напредокот на европската стратегија за проширување, барање решенија и посветено реализирање на плановите.
-Вицепремиерот ја истакна посветеноста со која како што рече тој: Ние не се откажуваме од исполнувањето на условите за свикување на Втората Меѓувладина конференција. Планот за раст на Западен Балкан е подадената рака на Европската Комисија за која сериозно и темелно се подготвуваме, многубројните придобивки од спроведување на Планот за раст во регионот и државата ќе бидат вистинска трансформација за нашите општества и граѓаните. Маричиќ и Мурис веруваат дека со посветена и темелна работа на администрацијата, свесно и совесно раководење на сите политички структури во државата, успехот за пристапување во ЕУ е неминовен, реален и достижен, се наведува во соопштението.