Белата куќа во петокот изрази загриженост поради лажните слики за поп-пејачката Тејлор Свифт објавени онлајн и изјави дека компаниите на социјалните мрежи имаат важна улога во спроведувањето на правила за спречување на ширењето на таквите дезинформации.
Лажните сексуално експлицитни слики на Свифт се проширија низ социјалните мрежи оваа недела, вклучително и една слика споделена на X, поранешен Твитер, за која Њујорк Тајмс рече дека била прегледана 47 милиони пати пред да биде суспендиран лажниот профил.
„Ова е многу алармантно. Ќе сториме се што е во наша моќ за да се справиме со овој проблем“, рече секретарот за печат на Белата куќа, Карин Жан-Пјер на брифингот со новинарите, додавајќи дека Конгресот треба да преземе законско дејство по ова прашање.
Слободното и неказнето циркулирање на лажните слики, веројатно создадени од вештачката интелигенција (АИ), премногу често непропорционално ги опфаќа жените, рече Жан-Пјер.
„Додека компаниите за социјални медиуми донесуваат свои независни одлуки за управување со содржината, ние веруваме дека тие имаат важна улога во спроведувањето на нивните сопствени правила за да се спречи ширењето на дезинформации и неконсензуалните, интимни слики на вистински луѓе“, рече Жан Пјер.
Подготви: Марта Пешевска
Извор: Ројтерс