ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Митрески – Гир: Силна поддршка од ЕУ за заокружување на активностите до парламентраните избори

Амбасадорот Гир изрази безрезервна поддршка за новоизбраниот претседател на Собранието и на институцијата во целост, која, како што нагласи, ќе продолжи и во следните месеци, со цел заокружување на незавршените активности и законодавни постапки поврзани со реформските обврски, кои произлегуваат од нашиот евроинтегративен пат.

January 29, 2024 17:30
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска имаше средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, соопшти собраниската прес-служба.

На средбата беше констатирана одличната соработка која во континуитет се одржува од страна на Европската Унија, а која ќе продолжи и во периодот што следи пред одржувањето на престојните парламентарни избори.

Амбасадорот Гир изрази безрезервна поддршка за новоизбраниот претседател на Собранието и на институцијата во целост, која, како што нагласи, ќе продолжи и во следните месеци, со цел  заокружување на незавршените активности и законодавни постапки поврзани со реформските обврски, кои произлегуваат од нашиот евроинтегративен пат.

Во тој контекст, амбасадорот укажа на важноста да бидат заокружени во текот на овој мандат  одредени почнати постапки поврзани со одржувањето на парламентарните избори, со цел да не се доведе во прашање од која било страна легитимноста на изборниот процес.

Митрески, заблагодарувајќи се за средбата, потенцираше дека назначување на оваа функција за него претставува чест и одговорност да се води законодавната власт до конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Митрески рече дека ќе направи сė што е во негова надлежност за заокружување на прашањата кои засега сѐ уште немаат завршница во Собранието, а се од особено значење за функционирањето на институциите и за нашето европско досие како земја.

Соговорниците беа согласни дека оваа соработка ќе продолжи, особено во однос на активностите од Планот за раст на Западен Балкан на Европската комисија и други прашања од приоритет и интерес за двете страни, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

Next Post

Митрески на неформална средба со Џафери и Ковачевски: Европската унија е нашата единствена опција

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk