Програмскиот колегум на Младинскиот културен центар (МКЦ) ја доби и втората тужба во негова корист од Управниот суд против решението на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за назначувањето на Никола Алексов за в.д. директор на установата.
Управниот суд досудил против одлуката на Арсовска, да постави на функцијата, в.д. директор на МКЦ некој кој не е од редот на вработените, зашто пред да ја добие таа функција Алексов беше ангажиран во МКЦ преку Агенцијата за привремени вработувања. Тоа е спротивно на Законот за вработени во јавниот сектор, велат од Управен.
Одлуката на Управниот суд е правосилна и против неа Арсовска нема право на жалба, а од Програмскиот колегиум велат дека имаат право да ги поништат сите одлуките, донесени од Алексов.
Со ова практично МКЦ имал фиктивен директор, односно незаконски поставен, се до назначувањето на новиот директор Бени Шаќири кое исто така беше нотирано дека е незаконско, односно дека градоначалничката Арсовска го назначила без да ги информира противкандидатите на конкурсот и самата инстутуција со што е направен превид да се испочитува законскиот период за евентуална жалба.