ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Хелсиншки комитет: Осуда за честото одложување на постапката за случајот ,,Тамара’’

Од поднесувањето на кривичната пријава во 2015 година поминати се речиси 5 години, а првото рочиште по овој предмет беше закажано дури во јуни 2018 година. Предметот за малата Тамара сѐ уште ја нема добиено својата завршница. 

March 4, 2020 13:59
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро го осудува честото одложување на постапката во случајот за малата Тамара. Во постапката обвинети се 12 доктори и членови на комисии, кои донесоа и потврдија негативно решение за лекување на Тамара во странство.

Имено, денешното рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетата Аспазија Софијанова, која била на семинар во Република Турција. Судијата Марин Станевски ја задолжи да достави доказ за оправданоста на отсуството, најдоцна до следното рочиште. Дополнително, судијата напомена дека во текот на постапката веќе неколку пати рочиштата се одложувани поради нејзино отсуство. На рочиштето не присуствуваше ниту јавниот обвинител Анел Фидовски.

Од поднесувањето на кривичната пријава во 2015 година поминати се речиси 5 години, а првото рочиште по овој предмет беше закажано дури во јуни 2018 година. Предметот за малата Тамара сѐ уште ја нема добиено својата завршница.

Комитетот уште еднаш потенцира дека правичното судење во разумен рок е еден од фундаменталните услови за задоволување на кривичната правда. Непочитувањето на овој институт ја намалува ефикасноста на постапката, придонесува кон правна несигурност и ја зголемува недовербата на граѓаните во правосудството. Комитетот ги повикува сите чинители во постапката, одговорно да постапуваат, со цел нејзино целисходно спроведување.

Next Post

Битката меѓу Бајден и Сандерс продолжува по вчерашното гласање во 14 држави

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk