ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Боки 13 земал пари од Марина Туцаковиќ, Русковска го праша дали тој е „ороспија“

Двајцата сведоци беа испрашувани само од одбраната на Боки 13, а во повеќе наврати приговараше и обвинителката Вилма Русковска, која образложуваше дека од прашањата на обвинетиот не се утврдува фактичката состојба за кривичното дело против законско посредување и перење пари.

March 4, 2020 14:15
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за предметот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, продолжува в петок. На денешното рочиште сведочеа хирург од приватната болница „Систина“, што е во сопственост на бизнисменот Орце Камчев, кој во два наврати го оперирал Боки 13 за намалување на телесната тежина и личниот возач и кој според првообвинетиот му бил и личен асистент.

Двајцата сведоци беа испрашувани само од одбраната на Боки 13, а во повеќе наврати приговараше и обвинителката Вилма Русковска, која образложуваше дека од прашањата на обвинетиот не се утврдува фактичката состојба за кривичното дело против законско посредување и перење пари.

 

Хирургот Тони Јосифовски рече дека извршил две операции врз Јовановски, првата била за намалување на телесната тежина, а вториот пат било од естетски причини. Со пациентот Боки 13, Јосифовски се сретнувал во болницата, во кафуле, но подоцна и кај Јовановски во домот каде му вршел преврски. Според сведокот, одговарајќи на прашање, Боки со него разговарал и за операција на Јанева и дека барале начин како да се проведе преку посебни влезови во „Систина“.

Личниот возач на Јовановски, Стојан Арсовски пред Судот рече дека со него во два наврати патувале во Италија на модни ревии и дека на тие патувања од неговиот претпоставен добивал подароци. Според сведокот, на второто патување правеле пауза во Белград на која Јовановски вечерал со Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг и дека таа вечер сопругот на Туцаковиќ на Боки 13 му дал плико со, како што рече, прилично голема сума пари, кои пак му ги дал на возачот да ги стави во чантата.

 

Јовановски и адвокатот Дуковски од судечкиот совет побараа судот да му ја укине мерката притвор со поблага мерка со образложение дека неможе да ги спроведува препораките од лекар за хигиено диететски режим.

Како и на претходните судења, така и на ова, не изостана вербална комуникација меѓу Боки 13 и Рускоска, а овој пат по цитатот на Јовановски од Иво Андриќ дека дошло време „паметниот да молчи, будалиот да говори, а ороспијата да се збогати“. На ова Рускоска праша дали Боки е „ороспијата“.

Next Post

Филипче: Обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ се класични лажни вести

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk