ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуција за ситуацијата во Србија по изборите

February 8, 2024 09:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците на Европскиот парламент (ЕП) денеска во Стразбур ќе гласаат за резолуција со која се бара независна меѓународна истрага за нерегуларностите на декемвриските парламентарни, покраински и локални избори во Србија, со посебен фокус на изборите во Белград.

Во конечниот предлог-резолуција за ситуацијата во Србија по декемвриските избори, ЕП ја повикува Европската комисија веднаш да започне со ревизија на средствата дадени на Владата на Србија во рамките на Инструментот за претпристапна помош III (ИПА III ) и други финансиски инструменти и да го суспендира финансирањето доколку српските власти не се подготвени да ги спроведат клучните препораки поврзани со изборите или ако меѓународната истрага покаже дека тие биле директно вклучени во изборна измама.

Европскиот парламент укажува дека одредени обвинувања, вклучително и оние за организирана миграција на гласачите на локално ниво, ги надминуваат наодите од извештајот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и додава дека го поддржува брзото испраќање на ад хок мисија за проверка на факти во Србија, со учество на ЕП, се наведува во предлогот што го договорија пратеничките групи.

Според конечниот предлог на резолуцијата, Европскиот парламент ја повикува Европската комисија да покрене иницијатива за испраќање експертска мисија во Србија со цел да се процени ситуацијата поврзана со неодамнешните избори и постизборните настани, во обид да создаде предусловите за воспоставување на потребниот социјален дијалог, со цел да се врати довербата на граѓаните во институциите и заради оценување и справување со системските прашања на владеењето на правото во Србија.

Во нацрт-резолуцијата, меѓу другото, се наведува дека Европскиот парламент ја повторува својата позиција дека пристапните преговори со Србија треба да напредуваат само доколку таа земја постигне значителен напредок во реформите на европскиот пат, вклучително и целосно спроведување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР и Венецијанската комисија на Советот на Европа.

Седницата на која европратениците ќе гласаат за необврзувачката резолуција започнува во 12.00 часот по средноевропско време.

Tags: ЕПизбориСрбија
Next Post

Загриженост во ОН поради плановите на Израел да ги насочи нападите кон Рафа

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk