Последниве неколку дена низ социјалните медиуми кружи писмо насловено “Писмо на мајка на геј син”. Станува збор за македонско семејство кое живее во Австралија.
Писмото е за нивната љубов и поддршка кон синот, кој како припадник на ЛГБТИ заедницата, им отворил нова перспектива за која претходно и не знаеле. Ги советуваат родителите чии деца се изјасниле како дел од таа заедница, дека тие се сé уште нивните деца кои биле и претходно.
„Се станува подобра личност кога се прифаќа љубовта, како формула за среќа во едно семејство, рецепт за среќа воопшто […] нашиот син е геј и ние сме сосема океј со тоа“ додава мајката.
Родилтелите сакаат со овие пораки да ги охрабрат и да ги поттикнат семејствата кои поминуваат низ слично и да ги надминат пречките, да бидат горди на своите деца и да ги поддржуваат.
НОВА направи интервју со родители чие дете е ЛГБТИ лице, Мирјана Фотевска- Елефтеријадис и Ѓорѓи Елефтеријадис.
Извор: НОВА