ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мислењето на Венецијанската комисија ќе се имплементира, но преку собраниска процедура, се чека конечната верзија

October 9, 2019 07:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мислењето на експертите на Венецијанската комисија за Законот за јазицит за едни ќе биде имлементирано во Законот, а за други пак последниот збор го дава Собранието. Државниот врв со став дека треба да се почека конечната верзија па да се коментира ставот на Комисијата.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека Владата е подготвена да го имплементираме мислењето на експертите бидејќи, според него, сето тоа што го предлагаат е на нивото на европските пракси.

-Рековме дека ја почитуваме Венецијанската комисија, која ќе го даде нејзиното конечно мислење, бидејќи досега како што коментираа, што е поважно дали владеењето на правото и очекувањето да се добие правда или употребата на јазикот. Можеме да дадеме објаснувања колку се важни правото на јазикот и на правда, за на крај да можеме да дадеме свое мислење и да можат тие да го оформат своето мислење, рече премиерот Заев.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, пак, смета дека Законот за јазици е еден од основните столбови на Охридскиот рамковен договор, закон со кој може да кажеме дека административниот дел од Охридскиот договор е затворен.

– Секое враќање назад ќе значи отворање на Рамковниот договор и нови преговори, потенцира Османи.

Сепак, тој посочи дека конечните препораки од Венецијанската комисија ќе се разгледаат и ќе се земат предвид, но одлуките се носат тука во Собранието.

– Има работни верзии, нема извештај. Јас сум видел работна верзија во која се вели дека двојазичноста на банкнотите и на униформите на војската е добра. Затоа велам дека се работни верзии, што даваат различен поглед на различни известувачи по однос на прашањето, повтори вицепремиерот Бујар Османи

Шефот на државата Стево Пендаровски вчера рече дека станува збор за нацрт на документ кој, според него, е пробиен од нечии лични или политички причини предвреме.

-Не би сакал да се произнесувам на едно парче од документот кое е пробиено и тоа парче, тој дел, таа страница и пол до две е од драфт, значи дел од начелна верзија, не е финална верзија, рече Пендаровски.

Министерството за правда пред два дена посочи дека нема да го кометира мислењето на експертите на Венецијаската комисија за Законот за јазиците сè до неговото усвојување од комисијата кога станува официјално.

– Мислењето на експертите на Венецијаска комисија е класифицирано сè до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да го коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него, велат за МИА од Министерството за правда.

Доцна синоќа, прес-службата на Венецијанската комисија соопшти дека Комисијата го одложи донесувањето на мислењето за Законот за употребата на  јазиците во Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Извештајот беше ставен на дневен ред на 120-та пленарна сесија на Венецијанската комисија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција. Комисијата беше поканета да размени мислења со претставникот на Северна Македонија, да го разгледа, во поглед на неговото усвојување. 

Извор: МИА

Next Post

Mеѓународна конференција „Жени во индустријата“

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk