ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Партиите на Албанците со два блока на избори, освен Таравари, ќе има ли уште еден кандидат Албанец за претседател?

February 15, 2024 07:30
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

За првпат во политичкиот блок на Албанците два блока ќе се соочат на парламентарните избори на 8 мај. Едниот кој ќе го предводи лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кому се очекува да му се придружат и ДПА на Мендух Тачи, партијата на Аријанит Хоџа, партијата на пратеникот Скендер Реџепи – Зејд и веројатно и дел од Алијанса за Албанците на чело со Зиадин Села.

Од друга страна, вториот блок ќе го сочинуваат Движењето БЕСА, Демократското движење, Алтернатива, Алијансата за Албанците и структури (активисти) кои го поддржуваат движењето Самоопределување на премиерот на Косово, Албин Курти.

Во меѓувреме, за претседателските избори на 24 април, албанската опозиција обединета во коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП) се очекува да го официјализира кандидатот за претседател, како и коалицијата со Арбен Таравари.

Од партиски извори во албанската опозициска коалиција дознаваме дека кандидат за претседател на албанската опозиција ќе биде првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

„Фронтлајн“ дознава дека албанската опозиција разговарала и со поранешниот пратеник и поранешен градоначалник на Гостивар, Руфи Османи, но тој ја одбил оваа понуда.

Во наредните денови се очекува Арбен Таравари да го официјализира коалицискиот договор со другите три партии од албанската опозициска коалиција. Додека се водат консултации на Таравари со Билал Касами, Изет Меџит и Африм Гаши, таборот на Зиадин Села, кои не се согласуваат со овие одлуки на претседателот на партијата, најави разрешување и избор на нов претседател.

– По Конгресот ќе се свика собрание – и со следниот претседател што ќе го избере конгресот ќе се отвори дискусија со кого ќе коалицираме.., најави изборот на нов претседател Ремзи Мемеди – пратеник на Алијансата за Албанците.

„Фронтлајн“ дознава дека Арбен Таравари веќе ги почнал правните процедури, тој во средата од судот ги добил имињата на членовите на Собранието на Алијансата за Албанците, кои партијата претходно ги депонирала при партиските процедури за регистрација и врз основа на тие документи тврди дека состанокот на Собранието одржано во хотелот „Буши“ во Скопје предводен од Зиадин Села не е легитимен затоа што, како што рече, најголем дел од собраниските членови не учествувале.

За таа цел деновиве поддржувачите на Таравари, како што најавија, ќе одржат прес-конференција за да го докажат ова со слики и документи – дека одлуките на одржаното Собрание на Села не се легитимни. Сепак, Таравари изјави дека ќе ја почитува одлуката на судот за партијата без разлика каква ќе биде таа.

Од друга страна, во таборот на парламентарното мнозинство сè уште ништо не е дефинирано. Сè уште не се знае дали ДУИ на Али Ахмети заедно ќе настапат само со некои помали партии на албанците или заедно со СДСМ во Европскиот фронт. За претседателските избори, интегративците како можен кандидат го имаат Бујар Османи, а може да го поддржат и актуелниот претседател Пендаровски, но во политичките и новинарските кругови – предизвика дилеми околу ова по последните постапки на Пендаровски кој не го потпиша Законо за игри на среќа.

Претседателот Пендаровски не го потпиша Законот за игрите на среќа со кој се отстрануваат казината и обложувалниците на 500 метри од училиштата, што беше и едно од изборните ветување на ДУИ. Покрај тоа, Пендаровски изјави и дека поддршката на премиерот на Косово за одредени субјекти и луѓе во Северна Македонија не претставува проблем.

Во однос на недонесувањето на законот за игрите на среќа, ДУИ остро реагираш кон Пендаровски. Оваа одлука партијата на Ахмети ја нарече лоша.

„Опозицијата 2 години по ред го блокираше законот за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Сите ги знаеме мотивите. По сите блокади и опструкции, парламентарното мнозинство конечно го одобри законот кој го поздравија сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и сите останати, како и здруженијата кои се против игрите на среќа. Замислете – образложението е дека европското знаме било „злоупотребено“ за одобрување на законот, нема замерки на содржината туку за процедурата. Не се откажуваме од оваа битка и убедени сме дека сите пратеници со чиста совест се на страната против обложувалниците и казината, се вели меѓу другото во реакцијата на ДУИ.

Изборите во 2024 година ќе се одржат во среда, а идентификацијата на гласачите повторно ќе се врши со уреди за отпечатоци.

Дестан Јонузи

Tags: Али АхметиАрбен ТаравариБујар ОсманиЗиадин СелаизбориСтево Пендаровски
Next Post
Bojan Ilkoski

Интервју со виолинистот Бојан Илкоски: Музиката за мене е дом каде што живее човековиот дух

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk