„Внатрепартиската Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ”, претставена од професор д-р Оливер Андонов, во текот на вчерашниот ден (14.02.2024 год.), до Управниот Суд во Скопје поднесе ТУЖБА против ВМРО – ДПМНЕ, претставувана од професор д-р Христијан Мицкоски кој како претседател на партијата согласно член 35 став 1, алинеја 1 и алинеја 3 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, е Одговорно лице задолжен да се грижи за спроведување на Статутот на партијата и законско и уставно работење на Политичката Партија ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од внатрепартиската Фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.
Тужбата до Управниот суд, како што велат, се однесува на непосредно сторени против законити дејствија „Тешки повреди на Статутот на партијата” во врска со начинот на свикување на „Конвенција за избор на кандидат за претседател на државата” , процедурата и условите за кандидирање и избор на кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се вели дека со оваа Тужба, членовите на ВМРО -ДПМНЕ поддржувачи на внатрепартиската фракција, преземаат конкретни законски мерки и активности за заштита на законитоста и интересот на членови на ВМРО-ДПМНЕ од самоволието на нелегитимниот претседател Христијан Мицкоски.
„Грубото кршење на Статутот на партијата во пресрет на претседателските и парламентарните избори, за „Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ”, претставува само уште една груба манипулација со членовите на ВМРО-ДПМНЕ но и граѓаните на Македонија. Мицкоски веќе еднаш стори грубо прекршување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ кога на 12 декември 2021 година, токму преку серија повреди на Статутот организираше нелегален Конгрес, на кој се самоизбра за претседател на партијата. Во овој случај преку прекршување на статутарните одредби, на октроираниот Статут скроен по негова мерка, Мицкоски покрај влијание и манипулација со членовите на ВМРО-ДПМНЕ, извршува директна манишулација на граѓаните на Македонија, лажејќи ги за наводни демократски процедури во партијата и божем личен демократски капацитет. За текот и резултатите од поднесената Тужба во Управниот Суд, “Внатрепартиската Фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ” благовремено ќе го информира членството на партијата и македонската јавност„се наведува во соопштението на „Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ”.