ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Застарува предметот „Моќник“, обвинителство направи преквалификација на делото и за преостанатите тројца обвинети

February 22, 2024 15:27
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Обвинителство во фаза на завршни зборови направил преквалификација на делата за преостанатите тројца обвинети за случајот „Моќник“, по што Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривично гонење.

Со тоа ослободени од обвинение се и Милош Милошоски, Милосим Војнески и Антонио Милошоски за кои судењето продолжи за кривичното дело „измама“, откако во октомври минатата година, по измените на Кривичниот законик беше запрена постапката за 10 обвинети во случајот „Моќник“ поради застареност.

Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека на денешната главна расправа за предметот со К.бр. 2616/20 од обвинителството означен како „Моќник“, јавниот обвинител во завршните зборови, извршил прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог како и измени во правната квалификација на Кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со кои измени:

–  Прво обвинетиот М.М. сторил кривично дело Измама од чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 вв со чл. 23 од КЗ, Второ обвинетиот М.В. сторил кривично дело  чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ, Трето обвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ. Согласно направените измени од страна на Јавниот обвинител и тоа во фаза на завршни зборови, судот, по сила на Законот односно чл. 402 т.6 од ЗКП, донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ на кривичното гонење  согласно чл. 107  ст.1 т. 4 вв со чл. 108 ст.6 од КЗ. Трошоците на постапката паѓаат на товар на Буџетот на РСМ, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Претходно во октомври минатата година, по измените на Кривичниот законик, Судот донесе решенија со кои за 10 обвинети во случајот „Моќник“ постапката се запира заради застареност, додека за тројцата обвинетите Милош Милошоски, Милосим Војнески и Антонио Милошоски судењето за кривичното дело „измама“ продолжува.

„Моќник“ е случај што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски.

Според, обвинението во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот,  заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница. 

Tags: Антонио МилошоскиМоќник
Next Post

Се спрема револуционерна промена во дисциплината скок во далечина?

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk