РИБАРО
Обрасците за пасоши што доцна синоќа на граничниот премин Богородица беа пречекани од дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, биле изреволтирани од дочекот.
Имено, како што дознава АХА, тие се жалеле дека недоволно биле испочитувани и дека биле пречекани со малку почести.
Еден од пасошите кој сакаше да остане анонимен, за АХА изјави дека царинскиот службеник при рапортирањето многу млако го држел телота, а се пожали дека при интонирањето на химната со која биле пречекани, дел од цариниците не пееле одредени строфи. Друг пасош вели дека требало барем и премиерот и претседателот да дојдат, вака некој анонимус заменски испратиле.
– А бе брука, малку фалеше да си се вратиме назад!, додаде трет пасош.
АХА дознава дека пред да пристигне камионот со пасошите имало сериозна расправија за тоа кој да ги пречека, дали заменскиот или техничкиот министер Тошковски, по што при влечење кусо-долго, очигледно Бојмацалиев го извлекол подолгиот.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK