Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека треба да се игнорира идејата на ДУИ за избирање претседател на државата во Собранието. Тој ја квалификува како „фрустрација на поединци“ изјавата на Али Ахмети во оваа насока и оцени дека „ДУИ не е фактор што може да наметне ваква тема зашто набрзо ќе биде дел од минатото“.
Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Гази Баба, порача медиумите многу внимателно да пристапуваат кон ваквиот тип изјави.