ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери на конференцијата во Тирана: Планот за раст и заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

February 29, 2024 14:05
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери денеска се обрати на Конференцијата на високо ниво, посветена на Планот за раст за Западен Балкан, која е продолжение на разговорите започнати во Скопје минатиот месец.

Џафери, како што соопшти владината прес-служба, зборуваше во рамки на Панелот „Вовед во единствениот пазар“, при што ја нагласи важноста на Заедничкиот регионален пазар како можност до придобивките на внатрешниот пазар на ЕУ, за граѓаните, уште во текот на пристапниот процес.

-Премиерот Џафери посочи дека Владата на Република Северна Македонија силно го поддржува Планот за раст за Западен Балкан и дека тоа е најамбициозниот механизам предложен од Европската комисија од почетокот на нашиот евроинтеграциски процес, кој потенцијално ќе го промени регионот и ќе го забрза придвижувањето кон Европската Унија, се наведува во соопштението.

Планот за раст, како што истакна Џафери, означува сериозен стимул за поголема економска интеграција во рамките на Западен Балкан со што се создаваат не само подобри можности за работни места, туку и зголемување на растот на БДП низ регионот.

-Овој заеднички напор, не само што е од корист за Западен Балкан, туку и ја подобрува атрактивноста и конкурентноста на регионот. Нѐ доближува до пазарите на ЕУ и го олеснува одржливиот економски развој. Во оваа насока, заедничкиот регионален пазар ја постави основата на зајакнати трговски односи и заеднички економски иницијативи, нагласи Џафери на Конференцијата на високо ниво, посветена на Планот за раст на Западен Балкан.

Како што посочи Џафери во своето излагање, земјите од Западен Балкан активно соработуваат и придонесуваат кон тоа заедничкиот регионален пазар да стане реалност, како  подготовка за приближување на целиот регион до внатрешниот пазар на ЕУ, и дека пред земјите претстојат дополнителни, посуштински реформи во однос на подобрувањето на капацитетите, ефикасноста и конкурентноста на нашите економии и на регионот во целина.

Следниот акцискиот план за заедничкиот регионален пазар, додаде Џафери, треба да биде продолжение на постигнатиот напредок и да одговори на идентификуваните предизвици и да постави јасни, мерливи цели, вклучувајќи механизам за мониторинг и евалуација преку давање приоритет на активностите кои имаат најголем потенцијал да направат позитивни промени врз граѓаните.

Тој се осврна и на приоритетните области определени од Европската комисија, при што потенцираше дека Владата на Република Северна Македонија целосно го поддржува предложениот патоказ за подобрена царинска соработка и дека сме посветени целосно на спроведување на одлуките на заедничкиот комитет на ЦЕФТА, за овластени економски оператори и за управување со ризик откако ќе бидат усвоени од сите страни.

Воедно, како што посочи Џафери на Конференцијата, Северна Македонија останува целосно посветена да стане што поскоро членка на СЕПА, со оглед на фактот дека тој чекор ќе го зголеми кредибилитетот на нашиот финансиски сектор на меѓународната сцена и ќе ги продлабочи трговските односи со европската област.

Џафери во своето обраќање се осврна и на единствениот дигитален пазар, при што изрази благодарност за конкретниот патоказ за распоредување на пристап до интернет до јавни згради и урбани и јавни простори, рурални простори во земјата, и ја потенцираше посветеноста и подготвеноста на земјата за имплементација на повиците за вклучување на општините од Северна Македонија во ВИ-ФИ за Западен Балкан (Wifi4WB), но и целосната посветеност на земјата на иницијативата за европски центри и дигитални иновации, како поддршка на компаниите во јавниот сектор, во зелените транзиции, а преку учество во програмата за дигитална Европа, и мрежата на европски центри во дигитални информации.

-Џафери ја поздрави одлуката на Европската комисија да го отвори повикот на Алијансата за критични лекови во индустријата во граѓанското општество во Западен Балкан, потенцирајќи дека Владата на Република Северна Македонија е посветена да ја промовира оваа можност, имајќи ја предвид големината и различноста на нашата фармацевтска индустрија и да помогне во нејзиното вклучување во Алијансата, се наведува во соопштението.

Tags: ЕУСамитТиранаЏафери
Next Post

За 35 отсто се намалува цената за потрошена топлинска енергија за деловните корисници во град Скопје

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk