ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бојмацалиев и Тасевски во посета на САЕ „Тигар“: Не смее да постои ривалство и понижување помеѓу единиците во МВР

March 1, 2024 18:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, денеска биле во работна посета на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” во касарната Илинден, каде што оствариле средба со раководството на Одделот за специјални полициски операции и раководството на оваа елитна специјална единица -САЕ Тигар при Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР.

Како што наведува во соопштение прес-службата на МВР, на средбата станало збор за писмената реакција упатена од страна на припадниците на оваа организациска единица до министерот и дополнителниот заменик министер, а во врска со  „непримерната“ снимка објавена  на сајтот на Министерството за внатрешни работи при реализација на вежба од страна на Единицата за интервентна полиција (ЕИП), каде се прикажува апсење на лице кое носи маица со амблем на САЕ „Тигар“ од страна на припадник на Единицата за интервентна полиција.

-Целиот свој живот сум го поминал покрај униформа. И денеска, од оваа позиција кога работам со вас, униформата за мене е нешто најсвето, истакнал Бојмацалиев на средбата со раководството на САЕ „Тигар”.

Бојмацалиев, се наведува во соопштението, беше категоричен дека не смее да постои ривалство и понижување помеѓу единиците во МВР, бидејќи имплицира загрозување на безбедноста на граѓаните.

-Ние сме тука да го одбраниме угледот и честа на сите, бидејќи вие сте гордоста на нашата држава, рекол Бојмацалиев.

Упатил порака дека тој и директорот Тасевски секогаш се достапни за комуникација со секој  припадник на Единицата  и дека очекуваат максимална професионалност и посветеност како и досега кога станува збор за безбедноста и  заштитата на интересите на граѓаните и на државата.

Меѓу другото, Бојмацалиев и Тасевски беа информирани за тековните активности на Единицата, а стана збор и за организацијата на Денот на САЕ Тигар.

Во посета на САЕ „Тигар“, како што соопшти претходно МВР, денеска бил и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Поврзано: 

Тигрите со реакција за вежбата на Тошковски: Навредени сме и револтирани од постапката на Интервентната полиција

Tags: „Тигри“БојмацалиевМВРТасевски
Next Post

Бојан Маричиќ член на претседателството на Партијата на европски социјалисти

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk