ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Колозова: Естетиката на „Скопје 2014“ е врзана со тоталитарен концепт на режим на управување

March 4, 2024 00:08
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје 2014 беше наметнато како пропагнден проект иако проблемот не е во пропаганда тука, проблемот е во тоа дали естетиката која што ја наложи е врзана со тоталитарен концепт на режим, на управување, тоа е едното прашање и второто прашање е во однос на културолошко идентитеско прашање, рече професорката по филозофија и културна теорија на конференцијата Школа за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДа која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал.

-За Скопје 2014 и за тој тип рекреација на минатото кога ние го употребуваме зборот антиквизација на Македонија, тоа е многу специфичен и конкретно врзан за конкретни политички мотиви, сметајќи дека идентитетот е загрозен со повикувањето на Грција, со името, називот Македонија, се што е изведенка од Македонија. Ние на принцип на дијалектиката роб и господар, која создава менталитет решивме да го присвоиме сето она хеленистичко што се врзува за тој дел од историјата на Македонија, за да имаме право на тврдење на тоа како наше. Идентитетот е нешто што му бега на официјалниот наратив, национален наратив, на официјалната историја, бидејќи идентитетот, чуството на припадност, национална, етничка, културолошка, како сакате го има дури и ако субјектите не ја познаваат историјата, просто не оделе на училиште, додаде таа

Понатаму Колозова истакна дека во истражувањето кое што под нејзино раководство го изведе Институтот за општествени и хуманистички науки во 2013 година, со цел да се измери дали наметнувањето на античката историја преку проектот Скопје 2014 врши насилие на идентитетското себепреспознавање, се дошло до резултати кои го потврдуваат насилието.

„Поставивме 10 историски периоди, 12 историски личности и им дадовме на луѓето да бираат кои се најзначајни за нивниот идентитет. Резултатите кои ги добивме тогаш покажуваа дека антиката е само 5% важна за идентитетот, Алексанадар 7%. Резултатите од анкетата покажаа дека има едно насилие, не се работи за рекреирање на минатото, вели Колозова.

Таа додава дека таа уметност е кич, дека естетски не срами и дека е прашање на културна интима, на нешто што сакаме да го скриеме.

-Што мислам дека лежи и под 2014 и под сите други типови на национализам, национална гордост или здрав патриотизам. Таа форма е следнава, тој е национализам на тажење, на длабока загуба во минатото која нас не конституира.. Мислам дека ова е типично за Југоисточна Европа или за Балканот. Градење на сопствената национална гордост преку тој акт на оплакување, тој патос на неповратна загуба и конституирање на тоа празно место на загубата. И сега ние сме Република Северна Македонија, го “изгубивме” името. Повторно има загуба, повторно има оплакување на тоа. Бугарија бара да го признаеме нивното малцинство, тука не разбирам зошто има проблемот, кога во суштина дава значење дека сме различни, ако тие се малцинство, но повторно е поврзано со тоа чувство на загуба. И тие нешто крадат од нас, од нашето минато, вели таа.

Според Колозова за жал тој процес е толку пенетрирачки во нашата политичка култура што веќе не препознава лево и десно.

-Левата негова верзија е знаеме која, врзана со авнојското, со комплексот еве Бугарија што не краде повеќе, затоа што тоа е врзано со југословенската ера и социјалистичкиот бекраунд. Десната варијанта на тоа е врзана со оној антиквизациски процес, но во основа двете нешта се исти. Експресијата само на едната страна е некој лажен кич класицизам, лажно европска реконструирана естетика за да се афирмира сопственото европејство, заклучува Колозова.

Панел дискусиите се одржаа во Музејот на Современа уметност, во организација на Факултетот за работи што не се учат на конференцијата Школо за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“, која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот Скопје 2014 ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Станица пропаганда“Колозова

НАЈНОВО

Финскиот виртуоз Кимо Похјонен и дивата на португалскиот џез Марија Жоао вечер на ОФФест

June 6, 2025

Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

June 6, 2025

Јапонски суд ја укина глобата од 84 милијарди евра за нуклеарната катастрофа во Фукушима

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk