ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Комисијата за заразни болести препорача децата со три дози ДиТеПер вакцина да може да се вратат во градинка

March 15, 2024 09:03
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и можно е Комисијата да излезе со построги епидемиолошки мерки.

Во следните денови може да се очекува Министерството за здравство да достави известување до градинките во врска со оваа препорака.

– Деца кои примиле три вакцини во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци. Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза, истакна вчера претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

Според д-р Петличковски, состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и не е стабилна. Во Скопје има над 170 деца и возрасни со голема кашлица, а во државата над 200. Д-р Петличковски најави дека е можно во следниве недели да излезат со построги епидемиолошки мерки.

-Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца по градинките е поразителен за државата и тука мора многу да работиме, рече д-р Петличковски.

Тој напомена дека не постојат некакви потврди за привремена спреченост од вакцинација, по кои родителите често посегнуваат и ги бараат, за да ја избегнат вакцинизицијата на децата.

– Постојат само потврди за трајна спреченост од вакцинација, тие се тие потврди кои се издаваат од тричлена комисија на Клиниката за детски болести, но вакви потврди за привремена спреченост не издаваат и не се валидни ниту од матичен лекар, ниту од Клиника, ниту од друга некаква комисија, појасни д-р Петличковски.

Исто така, претседателката на Националниот комитет за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова вчера посочи дека уште во периодот на јануари, Комитетот до вакциналните тимови официјално веќе испратил препорака, секое дете кое доаѓа да ја прими според хронолошката возраст онаа ревакцината што е на 18 месеци, бидејќи МРП најрано се прима на 13 месеци, да се искористи ревакцинацијата на ДиТеПер и заедно се прими и МРП.

На прашање дали од утре ќе може да се враќаат децата кои немаат примено МРП прва доза, д-р Петличковски одговори негативно.

Во однос на состојбата со грип, во државата има нови 427 случаи од 4 до 10 март, а најмногу во Кавадарци.

Ова претставува 33,4 отсто помалку во споредба со претходната недела. Како што се наведува во најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со десеттата недела од минатата сезона, е намален за 8,0 проценти.

Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Од Институтот за јавно здравје соопштија дека се работи за лице на возраст над 65 години од Штип.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 13.809, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 48,1 отсто. Во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 27,6 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 14 починати лица асоцирани со него.

Заклучно со десеттата недела во Република Северна Македонија, вакцинирани се вкупно 61.788 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Tags: вакциниголема кашлицаградинки
Next Post
Прочка, Прилеп. Фото: Фронтлајн

Прилеп е подготвен за карневалот „Прочка 2024“, се очекуваат околу 500 учесници

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk