ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов ласерски систем за спречување нелегална употреба на оружје

March 18, 2024 11:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Со воведувањето нов систем за управување со деактивирано огнено оружје, овозможено преку донацијата од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе се спречи злоупотребата на оружје и ќе се подобри безбедноста во Северна Македонија.

Машината за ласерско означување оружје, која е поставена во Министерството за внатрешни работи, ќе означува деактивирано огнено оружје на специјализиран и траен начин. Ова оружје ќе биде систематски заведено со што ќе се подобри можноста за негово следење. Дополнително, заедно со процесот на означување ќе бидат воведени и сертификати за деактивирање, опремени со заштитни карактеристики со цел да се спречи фалсификување.

„Ја поддржавме борбата против злоупотребата на мало и лесно оружје преку разни активности затоа што веруваме дека ова е ефикасен начин да се зголеми нивото на безбедност на македонските граѓани“, изјави Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП. „Со набавката на оваа ласерска машина за маркирање оружје и со претходно инсталираниот микроскоп за анализа на траги од пукање, значително ги зајакнавме техничките капацитети на МВР за поефикасно справување, но и превенирање на нелегалната употреба на огнено оружје “.

Заедничките интервенции на УНДП и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ѝ помагаат на земјата да ги исполни своите обврски во спроведувањето на прописите за означување увезено и деактивирано огнено оружје како и за исполнување на меѓународните стандарди и стандардите на Европската Унија за управување со мало и лесно оружје.

„Денешната донација ќе му овозможи на Министерството за внатрешни работи да издава сертификати за деактивирање усогласени со меѓународните стандарди и ефективно да ја зајакне контролата на оружје“, изјави амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „Ова има позитивен ефект не само на животите на луѓето во земјата, но и во остатокот од Европа, бидејќи оружјето кое потекнува од овој регион беше често користено во злосторства па дури и терористички напади на друго место“.

Донацијата на УНДП е финансирана од владите на Германија, Шведска, Холандија, Франција, Обединетото Кралство и Норвешка преку Повеќепартнерскиот фонд за спроведување на Патоказот за контрола на МЛО во земјите на Западен Балкан, поддржан од Европската Унија. Донацијата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е финансирана од Белгија, Европската Унија, Франција, Германија, Норвешка, Словачка и Соединетите Американски Држави.

Next Post
Фото: Телеграм

Руските анти-Путин бунтовници ги креваат своите знамиња во Козинка во Белгородска област, РДК зароби 25 руски војници

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk