ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ТЕЦ Неготино се присоединува на АД ЕСМ

March 19, 2024 11:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Согласно изготвената анализа за присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ Скопје, утврдена е оправданоста од присоединувањето со што се овозможува поефикасно и економски поисплатливо искористување на производствениот капацитет на АД ТЕЦ Неготино, порационално управување, искористување на оперативниот, производствен и управувачки персонал, соопштуваат АД Електрани на Северна Македонија.

Оттаму истакнуваат дека енергетската криза од 2021 година претставува пресуден аргумент за нужноста од интегрирањето на АД ТЕЦ Неготино во рамки на АД ЕСМ Скопје, како од аспект на диверзификација на ризик, така и од аспект на стабилност и континуитет во производството на електрична енергија на државно ниво. Исто така треба да се има во предвид дека двете компании се лиценцирани за производство на електрична енергија, па ваквиот предлог за статусна промена – присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ – Скопје е целосно оправдан и реализиран.

„Кога започна енергетската криза, Владата на Република Северна Македонија даде согласност на АД ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза, и заклучно со 2022 година произведени беа 412.692 MWh електична енергија, а заклучно со 31 Декември 2023 година произведе 346.248 MWh. Произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, за време на енергетската криза, АД ЕСМ ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел за потребите на АД МЕПСО, а дел ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата“, се наведува во соопштението.

Термоелектраната „Неготино“ почнала да се гради 1974, а изградена е во 1978 година. Последен пат претходно работела во производството на електрична енергија во 2009 година, за во 2022 година по 12 години пауза како „ладна резерва“, во услови на енергетска криза да биде вклучена за само 40 дена.

ТЕЦ Неготино има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК Битола.

Tags: ЕСМТЕЦ Неготино
Next Post
Homo erectus, World History Encyclopedia. Фото: Ryan Somma / Flickr

Студија открива како предците на човекот избегнале климатско истребување пред 900.000 години

НАЈНОВО

„Охрид SOS“: Продолжува бришењето на јавниот интерес со потпис на градоначалник и министер

August 18, 2025

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk