– Гане Тодоровски ги напишал стиховите „Песни за жената” во ’70-тите. Јас за прв пат ги прочитав во поетската трилогија “Сто без една песна”, приредена од поетесата Светлана Христова Јоциќ, во 2006 година.
Дозволата да ги испеам стиховите ја добив од синовите на Гане, благодарение на Сергеј Андреевски кој ме поврза со нив, пишува на својот Фејсбук профил вокалистката и мултимедијална уметница Александра Поповска. Александра живее и работи во Холандија, а на нашата публика и е позната како главна вокалистка на Драган Даутовски Квартетот.
„Сега е 2020-та. Ја раскажав песната на сцена за прв пат во Амстердам, на фестивалот Eastern Neighbours Film Festival (пред проекцијатa на македонскиот филм “Господ постoи, името и е Петрунија”) и се почувствував како вистински трубадур што носи приказни од југ кон север на Европа.
Сакав да кажам: СРЕЌЕН ОСМИ МАРТ!
п.с
И да, вреди да се пишува, вреди да се приредува, вреди да се пее. Вреди да се твори, бидејќи никогаш не знаеш кого и кога она што го создаваш може да допре (дo)некого.“ пишува Александра Поповска.