Украинските воздухопловни сили уништија две балистички ракети истрелани од руските војници кон Кијив од привремено окупираниот Крим, изјави командантот на украинските воздухопловни сили, генерал-полковник Микола Олешчук во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Околу 10:30 часот непријателот го нападна Кијив со две балистички ракети истрелани од привремено окупираниот Крим. Целите се уништени. Нивниот тип се утврдува“, рече Олешчук.
Според прелиминарните податоци, фрагменти од руски ракети паднале во градските области Печерски, Холосиивски, Соломиански и Днипровски.
Во областа Печерски, трикатна нестанбена зграда беше оштетена од остатоци од ракети. Повредени се пет лица, објави градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, на Телеграм, пренесе Укринформ.
„Во областа Печерски, нестанбена трикатна зграда е оштетена како резултат на падот на ракетни остатоци“, напиша Кличко.
Тој исто така истакна дека во моментов има пет повредени.
„Веќе има пет повредени во областа Печерски. На три од нив им е укажана помош на лице место. Две се хоспитализирани“, рече Кличко.
Според прелиминарните податоци, остатоци од руски ракети паднале во областите Печерски, Холосиивски, Соломијански и Днипровски во Кијив.
Украинското МНР на Х објави дека денеска Русија го нападна Кијив со две балистички ракети.
Русија е терористичка држава која ги тероризира цивилите, гаѓајќи ги нашите деца кои се принудени да живеат во страв секој ден поради непријателските напади. #ArmUkraineNow. Помогнете им на нашите воини да го одбранат нашето небо и нашиот народ, објавија од МНР на Украина на Х.
Today, Russia attacked #Kyiv with two ballistic missiles.#RussiaIsATerroristState that is terrorizing civilians, targeting our children who are forced to live in fear every day due to enemy attacks.#ArmUkraineNow. Help our warriors defend our skies and our people. pic.twitter.com/vcVSoocSEz
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) March 25, 2024
За настанот на Х се огласи и украинската амбасадорка во замјава, Лариса Дир која на 661 ден од целосната руска агресија врз Украина објави дека откако ја заврши 7 недела со лансирање на 190 ракети, 140 дронови и 70 наведувани воздушни бомби врз Украинците, државата агресор рф го започна утрото на 25 март со нов ракетен терор.
761. Откако ја заврши минатата недела со лансирање на 190 ракети, 140 дронови и 700 наведувани воздушни бомби врз Украинците, државата агресор рф го започна утрото на 25 март со нов ракетен терор.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/TQIrQoxHXy
— Larysa Dir (@dir_larysa) March 25, 2024
Драган Мишев / Цивил Медиа