ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФБИ: Нема докази дека уривањето на мостот во Балтимор е поврзан со тероризам

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) денеска соопшти дека не веруваат дека уривањето на мостот во Балтимор предизвикано од судир на товарен брод е намерно и додаваат дека нема докази дека инцидентот е поврзан со тероризам.

March 26, 2024 19:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) денеска соопшти дека не веруваат дека уривањето на мостот во Балтимор предизвикано од судир на товарен брод е намерно и додаваат дека нема докази дека инцидентот е поврзан со тероризам.

Од бродската компанија изјавија дека непосредно пред судирот со столб од мостот именуван „Франсис Скот“, кој е долг околу три километри, испратиле сигнал за помош.

Федералните и државните власти, како Националниот борд за безбеднот во транспорот, продолжуваат со истрагата околу оваа несреќа, како и со потрага и спасување на преживеаните, бидејќи во студените води на заливот пропаднаа повеќе возила и луѓе.

Инцидентот се случи денеска околу 1:30 часот по полноќ.

-Нема специфична или кредибилна информација дека ова е поврзано со тероризам, изјави денеска на прес брифинг Вилијам Дебањо, агент на ФБИ од канцеларијата на службата во Балтимор.

Се претпоставува дека од седум до 20 возила пропаднале во водата по урувањето на мостот, а засега се уште се трага по преживеаните.

Шест лица се уште се водат како исчезнати откако главниот мост во американскиот град Балтимор во близина на Вашингтон се урна, изјави на прес-конференција државниот секретар за транспорт, Пол Видефелд.

Најмалку две лица се спасени по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако товарен брод удри во структурата, соопштија локалните пожарникари. Балтимор, кој се наоѓа во државата Мериленд, се наоѓа на околу 62 километри североисточно од главниот град на САД.

Едно лице е во критична состојба во болница, соопшти шефот на противпожарната служба Џејмс Валас.

Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава по колапсот на мостот.  Во моментот на судирот, работници биле на мостот и вршеле поправка на конструкцијата, рече тој, но не се знае колку луѓе имало на конструкцијата кога речиси целиот надводен дел од мостот долг 2,5 километри пропадна.

Од данската компанија Маерск која управувала со транспортот на контејнерниот брод, соопштија дека веднаш пред судирот бродот испратил сигнал за помош.

-Екипажот услеал да испрати „мејдеј“ сигнал за службите да го запрат сообраќајот на мостот, изјави претставник на компанијата.

Гувернерот на Мериленд, Вес Мур рече дека благодарение на сигналот за итни случаи, службениците успеале да го запрат сообраќајот,поради што немало повеќе автомобили да се движат по мостот. Според екипажот, имало проблем со напојувањето на бродот, потврди Мур, без да даде дополнителни детали.

Крајбрежната стража и останатите спасувачки служби продолжуваат со операцијата за спасување.

Tags: бродМост
Next Post

Бајден: Мостот во Балтимор ќе биде поправен со федерални средства

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk