Муралот на Бенкси во северниот дел наЛондон е затрупан со пластика и со дрвени штици, пренесува Би-Би-Си.
Уметничкото дело во паркот Финсбери е обоено во зелена боја врз станбена зграда зад дрво за да се создаде илузија на лисја.
Уличниот уметник го призна своето дело на неговите социјални мрежи, но за неколку дена измачкано со бела боја.
Советот на Ислингтон рече дека пластиката и таблите ги поставил сопственикот на зградата, а не советот.
Властите соопштија дека инсталираат камери за видео надзор и дека бараат други начини за заштита на делото, додавајќи дека сака уметничкото дело „да опстои“.
На муралот има и матрица на лице кое држи црево за притисок.
Живописната боја на муралот се совпаѓаше со онаа што ја користеше Советот на Ислингтон за уличните знаци во областа.
Виновниците за белата боја не се идентификувани.
М. П.