ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев и Шекеринска носители на листи – Тандем од жена и маж кандидати во секоја изборна единица

Ќе имаме двајца носители на листи, двајцата паралелно ќе го покриваат теренот. Тоа е еден нов квалитет, освен бројката од 50 отсто жени ќе имаме по една носителка на листа жена и по еден маж носител. Заев најави и дека покрај него и партиската заменик-претседателка Радмила Шекеринска ќе биде носител на пратеничка листа

March 8, 2020 13:15
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во секоја изборна единица СДСМ ќе оди со двајца носители на листи – маж и жена, најавија денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на прес-конференција во седиштето на партијата на тема Родова еднаквост.

– Ќе имаме двајца носители на листи, двајцата паралелно ќе го покриваат теренот. Тоа е еден нов квалитет, освен бројката од 50 отсто жени ќе имаме по една носителка на листа жена и по еден маж носител.

Заев најави и дека покрај него и партиската заменик-претседателка Радмила Шекеринска ќе биде носител на пратеничка листа.

– Денеска ја продолжуваме постапката околу пратеничките листи, се координираме со коалициските партнери. Можам да објавам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на листи, а за другото да ги почекаме органите да одлучат, рече Заев, додавајќи дека на пратеничките листи ќе се види континуитет, но, како што истакна, ќе има и нови ликови.

Шекеринска посочи дека за првпат донеле политички договор претходно, дека во секоја изборна единица ќе настапуваат како тандем, како комбинација на маж кандидат и жена кандидат, или жена кандидат и маж кандидат.

– Со тоа сакаме не само визуелно, туку у и политички да ја испратиме пораката дека за да се промени државата на подобро потребни се сите и дека на тој начин испраќаме порака и до девојчиња и до девојки и до момчиња и млади мажи – дека тоа е новата реалност која ќе ни донесе нов квалитет. Порано изгледаше дека тоа е само симбол, меѓутоа симболите во политиката значат и друга содржина. И во Собранието ние видовме после години критика на системот на квоти, дека квотите не се само бројки, туку дека тие носат и еден нов тип на дебата во Собранието. И теми кои се наметнуваат, а долго време биле заборавени во Собранието. Така што ќе имаме многу носители и носителки на листи без разлика дали е некој прво или второ место, мислам дека тука сите покажавме дека позициите не ни се најважни – дека најважно ни е тоа што ќе го менуваме, подвлече Шекеринска.

На заедничката прес-конференција во седиштето на СДСМ, Заев и Шекеринска претходно ги презентираа мерките што се преземени во изминатите три години за целосна родова еднаквост во земјава.

– Го имаме најголемиот број жени во Парламентот и на функции во извршната власт. Силно сме посветени на политики на целосна родова еднаквост. Го донесовме новиот Закон за прекин на бременоста, ја ратификувавме Истанбулската конвенција, засилувајќи ја борбата против семејното насилство…, изјавија Заев и Шекеринска, презентирајќи и нови мерки во тој правец, доколку победат на изборите.

Заев, во тој контекст, рече дека е сигурен дека неговата партија ќе победи на следните предвремени парламентарни избори на 12 април.

– Претходно имаше опасност, но сега сум сигурен дека ќе победиме на изборите, изјави Заев на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Next Post

Илиевска: Жена е лик шо знај за борба оти маката ја научила да се бори

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk