Денеска се отвора трговскиот центар Џевахир Мол Скопје во Општина Аеродром. Отворањето на Џевахир Мол Скопје ќе биде одбележано со музичка програма под мотото „Аеродром пулсира“ на која ќе настапат ДНК, Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители ќе се дружат со Стела и Сани. Програмата започнува во 18:00 часот.
Турскиот бренд за детска облека „Панчо“, водечкиот турски бренд за мажи „Луфиан“, првиот изложбен салон за автомобили на „Гили“, хипермаркетот Кит-Го, Синсеј, ДеФакто, ДМ, Сара Фешн, Просветно дело, Playground игротека за најмладите, Франк Урбан кафе и Бабилон кафе се дел од брендовите коишто Џевахир Мол Скопје ќе ги понуди за посетителите.
Џевахир Мол ќе биде домаќин и на првата „Concept Room“ галерија во трговски центар, простор наменет за творење и изложбена галерија за локалните уметници.