ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски на конвенцијата: Ги критикував сите и тие кои ме избраа, бидејќи не барав мандат за да крадам од народот, туку да му помогнам да живее подобро

April 2, 2024 23:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Македонската јавност е сведок дека како претседател пет години во континуитет јавно ги осудувам грешките на сите кои ги кршат законите, вклучувајќи ги и оние кои ме поддржуваа. Многу од нив ми се лутат велејќи ние го избравме, а тој не критикува. Јас не барав мандат за да крадам од народот, туку да помогнам да живее подобро“ рече претседателот Стево Пендаровски на конвецијата за промоција на кандидатурата за втор мандат.

Тој додаде дека сега бара доверба за втор мандат, бидејќи може да ги погледне граѓаните во очи и да каже дека изминатите пет години зад неговото име нема ниту една афера, корупција, провизии или местени тендери.

„Ако ја добијам вашата доверба и во следните пет години ќе продолжам да работам за плата, а не за проценти, ќе продолжам да ги третирам сите луѓе еднакво, независно на кој народ припаѓаат или за која партија гласаат“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека ќе продолжи да им помага на понижените за да добијат човечки третман и правда во заедницата каде што живеат, но и да го критикува криминалот и корупцијата на било кој во државата, вклучувајќи ги и тие кои гласале за него.

Тој нагласи дека го прифаќа предлогот на опозицијата за ветинг на политичарите, но како што истакна, да биде од 90та до денес

„Слушам дека и опозицијата најавува ветинг на политичарите. Бараат надлежните органи да испитале дали било кој од нас, несразмерно го зголемил имотот. Го поддржувам овој предлог и додавам уште еден параграф. Да го провериме нашиот имот и имотот на нашите блиски, не само во изминатите пет години, туку од 90 до денес, па да видиме дали ќе го поминат тој тест оние кои ги кршеа санкциите на ОН против тогашна Југославија и без закон за национализација присвојуваа национализиран имот за себе“ рече Пендаровски.

Додаде дека СДСМ изминатиот период не погреши во стартешките одлуки, но имаше политички и кадровски грешки, а најголема замерка има за неисполнувањето на паролата „Нема правда – нема мир“.

„Во оваа смисла, не може да го вратиме времето назад, но нужно е да се обврземе на целосен ветинг на сите судии и обвинители и пред се, на нас, политичарите“ рече Пендаровски.

Тој додаде дека сите кои намерно држат предмети во фиоки со години или не можат да докажат како од плата заработиле милиони треба да бидат разрешени и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политички функции.

Tags: конвенцијаПендаровскиСДСМ
Next Post

Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села, одлучил Судот во Тетово

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk