Инстаграм, Вацап и Фејсбук беа офлајн поради голем прекин во компанијата Мета.
Техничките проблеми уследија по сличен широко распространет прекин пред околу еден месец. Неделаца, корисниците пријавија проблеми и на Инстаграм и неговата платформа за микроблогирање Тредс.
Веб-страницата за следење Down Detector покажа огромен број на извештаи за проблеми во сите три главни Мета апликации. Корисниците пријавија проблеми со испраќање пораки.
Меѓутоа, во моментот апликациите се повторно достапни.
Извор: Индепендент
М. П.