САД, Австралија и Велика Британија започнуваат преговори за привлекување на нови членки во тространиот одбранбен сојуз AUKUS, јави весникот „Фајненшл тајмс“.
Се наведува дека Вашингтон се залага во алијансата да се вклучи Јапонија како фактор на задржување на Кина.
Министрите за одбрана на трите земји денеска треба да објават дека се разгледува „втора компонента“ од пактот, што меѓудругото предвидува и соработка во истражувањата поврзани со квантната област и разработка на подводни воени и суперсонични тахнологии, кибер технологии и вештачка интелигенција, соопшти изданието повикувајќи се на извори запознати со ова.
Според „Фајненшл тајмс“, раширувањето на „првата компонента“ поврзана со испорака на атомски подморници на Австралија засега не се разгледува.
AUKUS e создаден од трите зеји во 2021 година и е дел од усилбите за спротивставување на експанзијата на Кина во индо-тихоокеанскиот регион.
Претседателет на САД, Џо Бајден, се стреми да го засили партнерството со такви земји сојузнички во Азија како Јапонија и Филипините. Според изданието, неделава се очекува официјална изјава за учеството на Јапонија во оваа алијанса.
Амбасадорот на САД во Токио, Рам Емануел викендов објави коментар во „Волстрит журнал“ дека Јапонија планира „да стане првиот дополнителен партнер од втората компонента“.
Бајден пак во среда во Вашингтон се среќава со премиерот на Јапонија Фумио Кисиди при што ќе се разговара и раширувањето на AUKUS.