ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски денеска нема да сведочи за „организаторите на 27 април”

Одбраната на обвинетите за организаторите на „27 април“, исто така кажа дека ќе докажат дека немало организиран превоз на граѓани од страна на Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски.

March 9, 2020 12:13
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, денеска продолжи во Кривичниот суд со воведни зборови на одбраната и обвинетите.

Иако на претходното рочиште беше најавено, денеска нема да сведочат техничкиот премиер Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во законодавниот дом, бидејќи немале уредни покани.
Адвокатот Еленко Миланов, кој ги брани обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, во воведните зборови кажа дека уставниот поредок на државата на 27 април не бил загорзен, како што се наведува во обвинителниот акт. Тој истакна дека во текот судењето ќе докажал дека никој од обвинетите не организирал и не повикал на насилства во Собранието на 27 април 2017 година.
– Ќе докажеме дека постапување на претседател на Собранието, не може да биде сторување кривично дело. Ќе докажеме дека на 30 декември 2016 започна конститутивна седница на парламентарен состав, на парламентарна демокрација, рече адвокатот Миланов.
Според него, не може да биде инкриминиран акт комуникацијата меѓу претседателот на Собранието, во овој случај Трајко Вељаноски и неговиот вработен. Импулсивната реакција на пратеникот Зекирија Ибрахими, како што наведе адвокатот Миланов, е последниот камен од мозаикот, односно мирните протести ќе продолжеле и на 27 април, исто како и на 21 и 26 ако не била неговата реакција.
-Него го нема во диспозитивот на обвинението, освен во листата на докази на одбраната. Ќе се докаже како и на кој начин овој пратеник изреагира, кажа Миланов.
Одбраната на обвинетите за организаторите на „27 април“, исто така кажа дека ќе докажат дека немало организиран превоз на граѓани од страна на Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски.
– Ќе докажеме дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, во ниту еден момент не биле во ниту една базна станица со лицето Александар Василевски – Нинџа, кој изјавил дека видел и слушнал како Спиро и Миле организират некого во штабот, рече Миланов.
Обвинетиот Трајко Вељаноски, во својот воведен говор рече дека оваа обвинение е по нарачка на извршната власт, односно дека Обвинителството за гонење на корупција и организиран криминал, е инструмент за уценување, исто како и СЈО.

– Ќе докажам дека конститутивната седница на 30 декември ја закажав согласно Уставот и Правилникот на Собранието. Претходно на 29 декември имав состанок со пратеници од СДСМ, БЕСА, ДУИ и Алијанса за Албанците. Од 30 декември до 27 март немав основа за закажување на конститутивната седница. Вакво барање добив на 17 март, односно во текот на февруари и март немаше барање за конститутивна седница, рече Вељаноски.

Поранешниот претседател на Собранието, сега обвинет за организирање на насилствата на 27 април, Трајко Вељаноски, кажа дека пратеникот Зекирија Ибрахими ќе го предложи за негов сведок.-Пратеникот Зекирија Ибрахими во својот говор пееше на албански. Јас не бев запознаен што пееше, траеше 20 секунди и немаше превод. Ќе докажам дека на пратеникот не сум му дал збор преку ред како што тврди обвинителсвото. Обвинителството ако сакало да ја знае вистината ќе го сослушало лицето Зекирија Ибрахими, додаде Вељаноски.

Тој и на првото рочиште минатата недела, се изјасни како невин, а вина негираа и другите обвинети во предметот „организатори на насилствата во Собранието на 27 април“, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски.

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, тврди дека ќе докаже оти обвинетите изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство за да спречат мирно примопредавање на власта, што резултира со насилствата на 27 април 2017 година.

Во истрагата за организаторите на „27 април“ беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков.

 

Next Post

Корона вирус низ Европа - земји без смртни случаи и земји без нови заразени

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk