Александар Николски од ВМРО-ДПМНЕ цел свој живот живее на товар на државата или на партијата, истакна кандидатот и актуелен претседател Стево Пендаровски, како одговор на прашањата на Николоски дали по завршувањето на мандатот ќе ги користи претседателските привилегии.
Во свој говор на митинг во Неготино, Пендаровски вели:
„На почетокот на мандатот, претходната кампања и пред вас и пред цела држава сум го кажал тоа дека по завршување на мојот мандат нема да ги користам привилегиите кои следуваат по закон. Меѓутоа, интересно е што тој човек го покренува тоа прашање. Тој човек, не знам кој знае, кој не знае, од своите рани дваесетти години или партијата или државата го финансира, буквално така. Значи тој е на јаслите на државата и на партијата од време кога бил во Унија на млади сили. Никогаш самиот нема ништо сработено и заработено во животот” истакна Пендаровски од Неготино.
Пендаровски потенцира дека тој пред да стане претседател имал професија и по завршување на мандатот ќе продолжи да го работи тоа што го работел претходно, додавајќи дека тоа ќе биде по 2029 година бидејќи е уверен дека тој ќе добие поддршка за следните 5 години повторно да ја води државата.