Прифаќам дебата со сите седум кандидати каде било и под какви било услови, нека дојде и Мицкоски како осми шпицен кандидат, објави на Фејсбук, Стево Пендаровски – актуелен претседател и кандидат за нов мандат на СДСМ и коалицијата.
„Но, како што се изјаснив пред почетокот на кампањата инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија. Токму затоа, прв предложив да се одржат 2 големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање. Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа“, пишува Пендаровски.
Тој нагласива дека „досега, во поканите кои ги добивме од медиумите за учество на тв дебата, немав добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати“.