ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Силјановска-Давкова и Ванковска, двете лица на монетата за поткусурување на Груевски

April 16, 2024 15:50
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Следејќи ги слоганите на кампањите на политичките партии кои стојат зад кандидатурите на Силјановска – Давкова и Ванковска во трката за претседател на Република Северна Македонија, во кои едните сакаат да ја направат Македонија повторно горда (некако им се споило името на кандидатката со прафразата од слоганот на омилениот им Трамп „Make America great again“) а другите со својата кандидатка ќе го враќаат достоинството на нацијата, пред очи ми се појавува сликата од двете кандидатки, тогаш како членки на професорскиот пленум, како гордо и достоинствено треперат како возбудени тинејџерки при пристигнувањето на тогашниот премиер, сегашен бегалец во Будимпешта, Никола Груевски.

„Немаме ништо суштински против вас“, му се правда Ванковска на Грујо, додека Силјановска-Давчева, со блага насмевка сервилно клима со главата и трепка со очите во знак на сложување со констатацијата на колешката (за што подоцна од истиот премиер ќе добие повеќе бенефиции, меѓу кои и членство во управен одбор за синчето), по што со задоволство го прифаќаат тајмингот кој така ноншалантно им го одреди пастирот од ракав, изполнувајќи им ја желбата да ги однесе на средба во Собрание наместо на неутрален терен во хотелска сала (небаре законодавниот дом му е дедовина, спротивно на неговите ингеренции кои завршуваа до капијата на кичерајското здание на Илинденска ББ).

А само минутка предходно, професорката Ванковска, во отсуство на тогашниот премиер, се силеше дека се тука да се конфронтираат.

„Веома врло“ гордо и достоинствено.

Дополнително, да потсетиме на нивните демократски капацитети, кога претходно, во време грујово, двете кандидатки, гордо и достоинствено, беа меѓу најгласните поддржувачки и апологети на упадот во А1 и затворањето на телевизијата.

А за гордиот и достоинствен однос на лидерите на политичките партии кои ги кандидираа двете кандидатки, кои во кампањата ги користат како мечки на панаѓур, во некоја друга прилика.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: кампањакандидаткиНикола Груевскипретседателки избори
Next Post

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријават за гласање на претседателските избори

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025
Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk