ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Најмалку 10 причини за уште еден претседателски мандат за Стево Пендаровски

April 17, 2024 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ

Издвојувам десет причини за да дадам отворена поддршка за уште еден претседателски мандат за Стево Пендаровски

1. Пендаровски е една од основните алки коишто обезбедија стабилност за време на турбулентен период, особено во процесот на пристапување во НАТО и во услови на многу сложени регионални односи. Уште еден негов мандат нуди континуитет во успешната надворешна политика.

2. Пендаровски е респектиран од меѓународната заедница. Многу државници од други држави давале недвосмислени изјави дека неговите ставови се важни и корисни за безбедноста на Северна Македонија, како и за регионалната безбедност.

3. Пендаровски е гласен поборник за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, нешто коешто го посакува голем процент од граѓаните, а и речиси сите политички партии го истакнуваат како стратешка цел на државата.

4. Неговата академска позадина во областа на правото и политичките науки сугерира силен интелект и интерес во меѓународната политика.

5. Пендаровски важи за многу одмерен и внимателен политичар при давање изјави и никогаш не носел непромислени и избрзани одлуки. Напротив, склон е на подлабоки размислувања и на консултации со своите советници пред да донесе некоја одлука.

6. Импресионира со неговото чувство за дипломатија и тоа му помага во навигацијата на сложените односи на Северна Македонија со соседите и меѓународната заедница во целина.

7. Богатото искуство како советник на бившите претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски му помогна да стекне вештини кои подоцна ги применуваше и ги применува во сопствената кариера како политичар и како претседател на Северна Македонија.

8. Пендаровски го завршува својот прв мандат без ниту една коруптивна или друга противзаконска афера. Без никакви дамки. Дури ни на политичките партии од опозицијата, познати по креирање лажни вести, не им успеа да најдат материјал со којшто ќе го дискредитираат.

9. Стево Пендаровски е секогаш транспарентен. Секогаш подготвен да даде отворена, а многу често и материјална поддршка на успешни и прогресивни луѓе од областа на науката, уметноста, спортот и во други сфери.

10. Пендаровски импресионира со својата непосредност кон соговорниците. Ја имав еднаш честа да бидам поканет во неговиот претседателски кабинет. Тоа беше моја прва средба со него и по првите неколку разменети зборови имав чувство дека сум третиран како негов долгогодишен пријател. Истиот тој впечаток го имале и други луѓе со коишто сум разговарал за Стево Пендаровски.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Лукароскинов мандатПендаровски
Next Post
Анжелика Апсис

Анжелика Апсис за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028: Скопје е пред најголемиот и најубавиот предизвик!

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk