Носител на ИЕ4, на СДСМ, Венко Филипче ги демантира лагите пласирани од неговиот противкандидат потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 Александар Николоски кој од Новаци истакна дека „од докторска или со министерска плата не се гради хациенда на Водно“.
Филипче вели дека за лагите пласирани за неговата наводна хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседува, Николовски ќе добие соодветна тужба.
„Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изрече“, додава Филипче.
„Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач. Ваквото озборување упатува на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања, па Николовски со навреди се обидува да добие политички поени. Исто така, загрижувачки е што Николоски изјави дека работел од свои 14 години сакајќи да го оправда фактот што нема ниту ден стаж во реален сектор. На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати“, вели Филипче.
Извор: Цивил.мк