ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нема веќе предавници на чело на државата

May 10, 2024 12:32
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕНКО МАЛЕСКИ

Има нешто добро во смената на власта во Македонија. Нема веќе предавници на чело на државата. Штета, тие беа некакво решение. Имено, нема веќе „бесплатен ручек“ или „бесплатен превоз“ за партијата на македонските националисти. Сега, соочени со големи одлуки во меѓународната политика, тие се одговорни.

Инаку, иразот „националисти“ е истиот оној кој се користи во светскиот печат кога пишуваат за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Забелешката која ми се упатува дома е дека се работи за партија на македонски патриоти, но една од дефинициите за национализмот е – претеран патриотизам. А, ќе признаете дека има нешто претерано ако, во континуитет од триесет и кусур години, вие сте против големите одлуки за опстанок на македонската држава зад кои стоеше СДСМ, нарекувајќи ги предавство.

Треба ли да се набројуваат? Приемот во ОН под референцата, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, Договорот за пријателство со Бугарија, „францускиот предлог“.

Извадете ги првите три од биографијата на нашата млада држава и запрашјте се дали ќе ја имаше на картата на светот. Избришете ги последните две и прашајте се каква ќе биде нашата иднина.

Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ е последица и на тој гнев насобран во народот на кој секојдневно му се зборува еве веќе три децении дека можело да биде подобро ако на кормилото на државата биле некои поинакви луѓе. Луѓе кои ќе треснеле со раката на масата и ќе се исправеле како горди Македонци. Нема такви работи во меѓународната политика.

Но, приказната е иста од првите денови на независноста до денес.

Ми раскажува мојот професор Славко Милосавлевски од СДСМ за разговор со неговиот пријател Љубиша Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој го убедувал дека наместо вака требало да се постапи онака во меѓународната политика. На тоа, Милосавлевски поставил едно реторичко прашање: „Зарем навистина мислиш дека Киро и Денко не знаеле за тоа што ти го знаеш и се определиле за непопуларното решение?“.

Истото важи и низ децениите што следат. Зарем некој би го одбрал непопуларниот и „предавнички“ пат ако имало поинаков и полесен? Зарем има човек кој не сака да дојава на бел коњ и на народот да му донесе сè? Име, знаме, историја… Нема.

Има само луѓе кои ја кажуваат вистината за карактерот на меѓународната политика и положбата на малите земји во неа или лажат и му се плачат на народот за неправдите кои мораме да ги трпиме.

Според првите постизборни реакции на меѓународниот фактор (Америка и ЕУ), помислувам дека бирајќи помеѓу борба со корупцијата и геополитичките интерес на Западот за членство на Македонија во ЕУ, тие се определиле за двете. Нова гарнитура да ги „преврти тефтерите“ и да направи ревизија на досегашното владеење, во општество кое не го знае вистинското значење на зборот „отчетност“ (accountability), па сè се сведувува на жестока пресметка при смената на власта зашто нема договор за инструменти кои ќе ја контролираат власта во текот на мандатот.

Дури откога ќе заврши оваа фаза, ќе следува притисок врз новата власт за реализација на планот наречен „француски договор“.

Сега кога веќе нема „предавници“ на чело на државата народот ќе може да се увери кој бил во право и да го задржи или да го смени своето мислење на наредните избори. Тоа е вредноста на демократскиот систем на постојана смена на луѓето на власт низ една мирна и демократска процедура кој ги красеше последните избори.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Либертас.мк
Next Post

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk