ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Меѓународните медиумски организации до Тошковски и Мицкоски: Да престане малтретирањето на новинарот Фуркан Салиу

May 12, 2024 13:12
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Бруталното приведување на новинарот Фуркан Салиу: Не можам да дишам! Фото. скриншот

Бруталното приведување на новинарот Фуркан Салиу: Не можам да дишам! Фото. скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Властите да престанат со малтретирањето на новинарот Фуркан Салиу, бараат меѓународните организации за слобода на медиумите и слобода на изразувањето во отворено писмо до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесува Смк.мк.

Во писмото потпишано од Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите (ECPMF), Европската федерација на новинари (EFJ), OBC Transeuropa (OBCT), Меѓународниот институт за печат (IPI), Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) и Мрежата за безбедност на новинарите во која членуваат шест новинарски здруженија од регионот, се изразува сериозна загриженост за случајот со апсењето на новинарот Салиу на 7 април, кој овие организации го сметаат за сериозен напад на слободата на медиумите и обид да се заплаши новинар кој работи во рамките на неговите права.

Во писмото се посочуваат неколку изјави и коментари во кои министерот Тошковски јавно говори за случајот пред да се спроведе официјална истрага и неосновано го обвинува новинарот Салиу за напад на полицаец, со што се става негативна етикета врз новинарот и се загрозува неговото право за слободно и безбедно работење.

„Го повикуваме министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски да престане јавно да го коментира случајот и да го издвојува новинарот. Од витално значење е новинарите да можат да работат слободно и безбедно, без заплашување од властите“, се вели во писмото.

Освен тоа, меѓународните организации го нотираат и отфрлањето на претставката на домашните новинарски организации против полициските службеници од страна на внатрешната контрола на МВР.

„Жалиме што беше отфрлена претставката против полициски службеници од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од страна на Одделението за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи“, се вели во писмото на медиумските организации упатено до Тошковски и Мицкоски.

 

Tags: медиумиМицкоскиТошковскиФуркан Салиу
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Подобро да гласавте за косачите на трева од Аеродром

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk