Експлицитен говор на омраза и повици за апсење на поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, поради неговата реакција дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова практично ѝ објави војна на Грција со тоа што при инагурацијата одби да го употреби новото уставно име на државата.
Извесен профил, партиски бот, Черга омнес, на Х (Икс) ги повикува челниците на ВМРО-ДПМНЕ да го избркаат Малески од неговото работно мести и да го уапсат.
„Прва задача на вмро треба да биде да ги истреби ваквите. Ако имаат функција, одма отказ, сопри му ги сите приходи од државата врз која плука ! Провери му го потеклото на целиот имот и провери со кого комуницира и соработува и Апс!“
Истиот профил продолжи со експлицитен говор на омраза, користејќи фотомонтажа и злоупотребувајќи го логото на порталот НЕЗАВИСЕН, објавувајќи наслов: „Има ли некој грчки или бугарски к** за пушење? Слабо сум со пари нешто“.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна во името на „Македонија“, а не на „Република Северна Македонија“ како што е предвидено со договорот од Преспа, истакнувајќи дека „нема повеќе да прифатат слични лапсуси“.
Профилот „Черга омнес“ објави фотомонтажа злоупотребувајќи го логото на Макфакс, објавувајќи лажен наслов: „Мицотакис до Силјановска: Нема да прифатиме слични лапсуси. Ако продолжите ќе ја вратиме ќерката на Заев што ја добивме за остров“.
Оваа фотомонтажа предизвика коментари со говор на омраза.
Извесен профил „Дете од улица„ коментира: „Нека ни ја вратат, ние ќе ја е****“, додека „Черга омнес“ му реплицира: „Прво нека и ја вратат километражата“.
Реакциите и говорот на омраза следуваат откако вчера новата македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, се заколна во името на „Македонија“, а не во името на „Република Северна Македонија“. Дел од граѓаните со воодушевување и одобрување ја прифатија постапката на Давкова, додека друг дел од граѓаните сметаат дека со тоа го прекрши Уставот.
Како и да е, секој има право на мислење и толкување на законите, меѓутоа во дебатата не смее да се користи говор на омраза и дезинформации.
ЦМТ / Цивил Медиа