Новинарот Дритон Зенку, коментираќи го однесувањето на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова, која за време на свечената изјава во Собранието не го користеше уставното име на државата, по што следеа реакции од Грција, Бугарија и ЕУ, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека врз основа на кампањата на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, ова што се случи беше очекувано.
– Силјановска рече дека нема да го говори новото име на државата, тоа и се случи. Јасно е дека Северна Македонија влезе во нова политичка фаза и ќе се променат внатрешните и надворешните односи. Немојте да се чудите ако утре Албанија и други меѓународни земји и организации го сменат својот курс кон Северна Македонија. Формирањето на владата и нејзините политики ќе биде уште еден момент кој ќе даде сигнали каде оди државата, нагласи Зенку.
Д. Ј.