Тој смета дека она што го направи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечената заклетва кога не ја употреби придавката „Северна“ е лош пример за државник и за професор по уставно право.
Според Лога, ваквиот однос на Сиљановска-Давкова кон Уставот и уставното име, во иднина може да поттикне и други индивидуи или цели групи кои нема да го почитуваат уставното име на државата.
– Од друга страна, тоа е лош пример затоа што утре на пример ќе имаме заклетва од полицајците, припадници на Армијата и други, каде секој по своја волја ќе може да даде заклетва, некој ќе каже дека заклетва дава на Република Северна, некој ќе може да каже некој друг поим. Иако таа вели дека е потпишана на документ на кој го има уставното име, тогаш која е логиката на заклетвата како церемонија пред 120 пратеници и храмот на демократијата кој вие не го почитувате, бидејќи тоа е Собрание на Република Северна Македонија, вели Лога во интервју за „Слободен печат.
Лога очекува ваквиот потег на Сиљановска-Давкова да биде поправен, но, како што посочува, штетата е направена.
– Јас очекувам овој лош чекор да се поправи, гледаме дека има одредено ретерирање од нејзина страна, но тоа се случува после два дена откако бевме нападнати од сите наши сојузници и соседи и тоа не беше добар почеток на мандатот, оценува Лога во интервјуто.