Гордана Силјановска Давкова ќе биде носителна пратеничката листа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, а оперскиот пејач Игор Дурловски во петта ИЕ. Централниот комитет вечерва утврдил носители на изборни листи во ИЕ 2 да биде партискиот потпретседател Владо Мисјаловски, во ИЕ 3 генералниот секретар Игор Јанушев, во четвртата Александар Николовски, а во 6ИЕ пратеничката Дафина Стојановска.
Христијан Мицксоски по седницата на ЦК информираше дека над 95 проценти од кандидатите првпат се на листите. На сцена, како што рече, даваат шанси на нови кадри.
Засега остануваат на планот утре во 13 часот за потпишување на коалицијата, како и за конвенција во Филхармонијата на која ќе бидат промовирани кандидатите за пратеници.
Како што информираше Мицкоски, в четврток ќе има лидерска средба за актуелната состојба со корона вирусот.





