ИДАХОБИТ се обележува секоја година на 17-ти Мај за да се привлече вниманието на властите, медиумите, јавноста, креаторите на јавното мислење и локалните авотритети за ситуацијата со која се соочуваат ЛГБТИ лицата (лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови лица и интерсекс) и сите тие кои не се однесуваат во согласност со повеќето сексуални и родови норми.
Овој ден е создаден во 2004 година за да го привлече вниманието на креаторите на политики, креаторите на јавното мислење, социјалните движења, јавноста и медиумите за насилството и дискриминацијата искусена од ЛГБТИ лицата на меѓународно ниво.
Датумот 17-ти беше избран за да се комеморира одлуката на Светската Здравствена Организација која во 1990 одлучи да ја декласификува хомосексуалноса од листат на ментални болести.
Меѓународниот ден против Хомофобија, Бифобија и Трансфобија e официјално признаен од многу држави, меѓународни институции како што е Европскиот Парламент и од многубројни локални власти.
ЦИВИЛ ја поддржува ЛГБТ заедницата, како и сите други заедници кои се борат за своите права и еднаквост, во заедничката борба против насилството и дискриминацијата, со истакнување на мултикултурните вредности што ги поседува нашата земја во најразлични форми. ЦИВИЛ ја започна иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ за промовирање на мултикултурните и европски вредности во нашето општество.