Поранешниот косовски шеф на дипломатијата Енвер Хоџај реагираше откако Шпанија ја прифати независноста на Палестина, додека официјален Мадрид продолжува да не го признава Косово како држава.
Хоџај го нарече „демократско лицемерие“ признавањето на Палестинската држава од страна на Шпанија надвор од Договорот од Осло, додека воедно одбива да ја признае независноста на Косово, наведувајќи го како причина процесот на косовско-српскиот дијалог со посредство на Брисел.
Заменик-претседателот на Собранието од редовите на опозициската Демократска партија на Косово, Хоџај, преку напис на социјалната мрежа „Х“, порача дека на Шпанија и на другите европски земји не им им служи на чест да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово.
Spain still refuses to recognize Europe’s newest state, #Kosovo, citing the Brussels dialogue process, yet it recognizes Palestine outside of the Oslo Accords. It brings no honor to Spain & other European states to be in the same boat as Russia on Kosovo. Diplomatic hypocrisy?
— Enver Hoxhaj (@Enver_Hoxhaj) May 25, 2024
„Шпанија сè уште одбива да ја признае најмладата европска држава, Косово, повикувајќи се на процесот на дијалог во Брисел, но сепак ја признава Палестина, надвор од Договорот од Осло. Не им служи воопшто на чест на Шпанија и на другите европски земји да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово. Дипломатско лицемерие?“, напиша Хоџај.
Н. А. / Цивил Медиа