Новинарот и публицист Свето Стаменов во интервју за Слободен печат посочи дека македонскиот јазик кој претходно бил оспоруван, ќе стане официјален јазик на ЕУ кога Македонија ќе стане земја членка.
„Нашиот јазик е влезен во светската мапа на јазици, влезен е во документите на Обединетите нации. Второ, со нашиот влез во ЕУ, македонскиот јазик станува официјален јазик на Европската унија. Тоа значи дека тој ќе биде рамноправен со англискиот, со германскиот, со францускиот јазик и сите јазици на ЕУ. Сите документи што ќе бидат од ЕУ, ќе бидат и на македонски јазик, па ќе го има дури и на парите. Со тоа веќе нема да има проблеми дали некој го признал или не го признал“ посочи Стаменов.
Тој додаде дека македонскиот јазик постоел, постои и ќе постои и според него жално е што од јазикот се прави политика, мислејќи пред се на ставот на официјална Бугарија.